37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

До последен момент неизвесен стартот на Олимпијадата во Токио

Kabtel desktop

Шефот на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто, изјави дека не ја исклучува можноста за откажување на игрите во последен момент бидејќи неколку спортисти имале позитивен тест на Ковид-19, а главните спонзори се повлекле од планот да присуствуваат на церемонијата на отворањето во петок.

Муто на прес-конференцијата рече дека ќе ги следи бројките и ќе има консултации со колегите доколку е потребно.

„Не можеме да предвидиме што ќе се случи со бројот на случаи со коронавирус. Значи, ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата дали ќе има скок на бројот на заразени. Во овој момент, случаите на коронавирус можат да растат или да паѓаат, па затоа ќе разгледаме што треба да направиме во зависност од ситуацијата“, рече тој.

Церемонијата на отворање на Олимписките игри е закажана за во петок, но натпреварите во софтбол и фудбал веќе се закажани за во среда.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •