15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Франција воведува задолжителна вакцинација за здравствените работници

Kabtel desktop


tФранцускиот парламент усвои закон за задолжителна вакцинација против КОВИД-19 за здравствените работници и за воведување здравствени пропусници за широк спектар на социјални активности додека земјата се бори со четвртиот бран на ширење на корона вирусот.

Посетителите кои ќе одат во музеи, кина или базени во Франција нема да можат да влезат ако немаат пропусница на која пишува дека се вакцинирани против КОВИД-19 или неодамна имале негативен тест. Пропусницата ќе биде потребна и за големи фестивали и клубови. Од почетокот на август годинава пропусницата ќе биде потребна за влез во ресторани и барови и за далечни патувања со воз и авион.

Мерките содржани во законот треба да траат до 15 ноември годинава, а пред стапувањето на законот на сила ќе биде потребно да биде одобрен и од Уставниот суд.

Како и многу други земји во Европа, Франција се соочува со многу заразната делта варијанта на корона вирусот, која прв пат беше идентификувана во Индија. На почетокот на овој месец Франција дневно имаше околу 4.000 нови случаи на заразени со корона вирусот, а минатата седмица таа бројка достигна 22.000 новозаразени.

Властите ги засилуваат напорите за да ја олеснат масовната вакцинација. До минатиот викенд 49,3% од 67 милиони жители на Франција беа вакцинирани со една или две дози, што уште е далеку од процентот кој би го стопирал ширењето на болеста, односно би овозможил стекнување на имунитет на стадото.

(Bizlife)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •