Астероид поголем од Бурџ Калифа денес ќе помине во близина на Земјата

- Advertisement -

Астероид, кој патува со брзина од 94.000 километри на час и е широк 1,4 километри, денес ќе помине покрај Земјата, а НАСА го класифицираше како „потенцијално опасен“.

Астероидот наречен „2016 АЈ193“ ќе се приближи до Земјата во 17.10 часот по средноевропско време, а астрономите на НАСА ќе го набудуваат во периодот од 20 до 24 август со помош на радар, пренесува порталот „Firstpost“.

- Advertisement -

Станува збор за астероид со средна големина и ќе помине покрај Земјата на растојание од 3,4 милиони километри, што е, астрономски гледано, доста близу, поради што НАСА го карактеризира како „потенцијално опасен“.

За поживописен поглед, овој астероид е 1,5 пати поголем од Бурџ Калифа, повеќе од три пати поголем од Емпаер стејт билдинг и повеќе од 4,5 пати поголем од Ајфеловата кула.

- Advertisement -

Астероидите, според овој портал, отсекогаш биле причина за загриженост за астрономите ширум светот.

(Denar.mk)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -