Франција ќе дава бесплатна контрацепција на сите жени до 25 години

- Advertisement -

Младите Французинки од идната година ќе добиваат бесплатна контрацепција, најави францускиот министер за здравство Оливие Веран. Веран изјави дека на жените помлади од 25 години нема да им бидат наплатувани посетите на доктор, тестовите или какви било други медицински процедури поврзани со заштитата од несакана бременост.

„Тука спаѓа хормоналната контрацепцја, биолошките тестови кои одат со неа, рецептите за контрацепција и целата грижа поврзана со контрацепцијата се додека жената не наполни 25 години. Се забележува пад на употребата на контрацепција кај младите жени и главната причина за тоа се финансиите. Контрацепцијата е премногу скапа. Неприфатливо е жените да не можат да се заштитат себеси, да немаат контрацепција ако тоа не е нивни избор“ изјави министерот.

- Advertisement -

На прашањето зошто ја избрале возраста 25 години како некој вид граница, Веран одговори дека тоа е така затоа што на таа возраст жените стекнуваат поголема автономија и повеќе не се покриени од здравственото осигурување на родителите.

Оваа мерка опфаќа таблети за контрацепција, контрацептивни импланти и спирали за контрацепција, кои ќе ги плаќа францускиот здравствен систем, Контрацепцијата во Франција е бесплатна за тинејџерките од 13 до 18 години од 2013 година наваму. .

- Advertisement -

За жените над 25 години, пак, им се враќаат околу 65% од цената на контрацепцијата.

(The Guardian)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -