-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Почна изградбата на мега кампусот на Мате Римац во Хрватска

Kabtel desktop

Почна изградбата на новото седиште на компанијата Rimac Automobili во Хрватска, кое ќе вклучува тест траки, соби за престој на вработените и музеј. Седиштето ќе се наоѓа на неколку километри од домот на Мате Римац во Света Недела.

Новиот кампус, кој вкупно ќе зафаќа површина од 200.000 m², а зградите ќе зафаќаат површина од 100.000m², е производ на визијата на Римац да ги произведува највозбудливите и најмоќни електрични спортски автомобили во светот. Кампусот го дизанираше хрватската архитектонска компанија 3LHD, а се очекува да биде готов во 2023 година.

„Пред само 10 години оваа компанија се состоеше од само еден вработен – јас, и се наоѓаѓе во гаража, каде што работев на електрични возила и делови за возила. Оттогаш пораснавме на околу 1.000 вработени, склучивме стратешки партнерства со Porsche, Hyundai Motor Group и други компании и работиме со најголемите имиња во автомобилската индустрија. Но, едно нешто што е исто е посветеноста на развојот на нашиот бизнис надвор од Хрватска. Горди сме што денес сме тука каде што сме и оваа нова локација ќе биде наш дом уште долги години“ изјави Мате Римац.

Новиот комплекс ќе има уникатни елементи како мочуришта и долини, како и кровна градина. Најуникатниот елемент ќе бидат собите за престој на вработените. Наместо посетителите и новите вработени да одат во хотел, ќе има неколку приватни соби кои ќе се вклопат во шумата околу нив.

Како што изјавија од компанијата, се очекува вкупната инвестиција во проектот да надмине 200 милиони евра.

(Croatia Week)

(фото: Rimac)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!