Маск порача: Кажете како моето богатство ќе го реши проблемот со гладот и веднаш ги продавам акциите од Tesla

- Advertisement -

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, одговори на коментарите од ОН дека неговото богатство би можело да спаси 42 милиони гладни луѓе во светот. Тој порача дека ако ОН докажат дека мал дел од неговото богатство може да го реши проблемот со гладот во светот, ќе продаде дел од акциите во Teslа и ќе ги донира тие пари.

Маск моментално е најбогатиот човек во светот и е првиот човек во светот кој достигнал богатство од неверојатни 300 милијарди долари. Откако Дејвид Бејсли, директор на Светската програма на ОН за храна, изјави дека донација од 6 милијарди долари од милијардери како Маск и Безос може да помогне да се спасат 42 милиони луѓе во светот кои инаку би умреле од глад, Маск одлучи да одговори.

- Advertisement -

Тој на Twitter порача дека ако ОН може да опишат точно како неговите пари би помогнале да се реши проблемот со гладот во светот, тој ќе ги донира тие пари. Тој побара и гаранција за одговорност за тоа како и колку ќе се потрошат и за што.

Бејсли исто така му одговори на Twitter. „Ве уверувам дека имаме системи за транспарентност и open source компјутерски програми, Вашиот тим може да следи се и да работи со нас за да се уверите во тоа“ напиша тој. Појасни и дека никогаш не рекол оти 6 милијарди долари ќе го решат проблемот со гладот во светот, туку дека таа донација ќе спаси 42 милиони луѓе од глад во оваа постпандемиска криза.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -