-7.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

ВИДЕО: Погледнете го летот на најбрзиот електричен авион во светот

Kabtel desktop
https://www.youtube.com/watch?v=kd-RDX1IjuM

Само два месеци после првиот лет, авионот Spirit of Innovation нa Rolls-Royce постигна брзина од 623,4 км/ч, со што го сруши светскиот рекорд за електрични авиони. Исто така, постигна најголема брзина од 555,8 км/ч на патека од 3 км и најкратко време до изгиднување во висина од 3.000 метри за 202 секунди.

Рекордите допрва треба да бидат сертифицирани, но ако брзината од 623,4 км/ч е точна, тогаш се надминува моменталниот рекорд од 342,7 км/ч кој го држи Siemens Extra 330LE.

Rolls-Royce ги испрати резултатите од тестирањето на сертифицирање до организацијата FAI (Fédération Aéronautique Internationale – Меѓународна федерација за авијација), која е задолжена за светските рекорди во воздухопловството.

Spirit of Innovation има мотор од 400 kW (535 KS) и 750 волти, а од Rolls-Royce велат дека користи погонска батерија со најголема густина која кога било е постигната во аеронаутиката и се состои од дури 6.480 ќелии.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!