CodeWell AI го освои второто место во натпреварот за најдобри стартапи во Централна и Источна Европа – Spotlight 2021

- Advertisement -

На големото финале на Spotlight 2021, натпреварот организиран од страна на How to Web, одржано на 24 ноември, македонскиот стартап CodeWell AI го освои второто место како едно големо признание за успехот на нивната технологија.

Spotlight е водечка програма во Централна и Источна Европа посветена на технолошки стартапи со висок потенцијал за раст. CodeWell AI најпрвин беше избрана во десетте најдобри технолошки стартап компании во Централна и Источна Европа, за понатаму да продолжи да се натпреварува за најдобра стартап компанија. Стручното жири се состоеше од претставници на светски гиганти како Google, Microsoft, MasterCard, KPMG, Orange, Fitbit и други звучни имиња.

- Advertisement -

CodeWell AI е платформа која овозможува градење на дигитални асистенти базирани на вештачка интелегенција кои можат да ја олеснат работата и да ги автоматизираат процесите во делот на корисничкото искуство и продажбата. CodeWell AI асистентите можат да комуницираат на ниво на човек и вооедно CodeWell AI e единствената платформа во светот, која го овозможува ова на македонски и албански јазик.

“Замислете го совршениот вработен во вид на дигитален асистент кој е достапен 24/7 за корисниците.” – Нино Карас, CEO и ко-основач на CodeWell.

- Advertisement -

Добропознат пример на локалниот пазар е дигиталниот асистент на А1 Македонија, Славчо. Преку асистентот корисниците имаат можност да добијат брзи и точни одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт-центарот. Тој е достапен на Facebook Messenger, Viber и web станицата на компанијата и веднаш спремен да даде одговор на сите прашања на корисниците, но и спремен да помогне во надминување на каква било техничка тешкотија со нивните услуги. Преку дигитиалниот асистент Славчо, А1 Македонија успеа да автоматизира 77% од сите дигитални интеракции со крајните корисници.

- Advertisement -

Технологијата е резултат на долгогодишно истражување и експертиза во областа и во моментов се користи во повеќе индустрии вклучувајќи Банкарство, Телеком, Осигурување, Здравство, итн.

CodeWell AI со ваквите достигнувања продолжува успешно да се пробива кон своето место во друштвото на големите, светски играчи и компании од висок ранг.

 

Сподели!
- Advertisement -