-1.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Уделот на бензинците и дизелашите во Норвешка падна на само 5%

Kabtel desktop

Норвешка е лидер на пазарот за електрификација и токму оваа скандинавска земја е пример за многумина и патоказ за во иднината во која електричните автомобили ќе ги заменат бензинците и дизелашите. Многу држави, но и автомобилски компании веќе најавија дека во текот на наредата деценија ќе забранат, односно ќе престанат со производство на возила со мотори со внатрешно согорување.

Норвешка е чекор напред од сите и во неа бензинците и дизелашите повеќе нема да се продаваат од 2025 година натаму, иако изгледа дека таа цел ќе ја исполни многу порано. Некои предвидувања велат дека тоа ќе се случи дури и идната година.

Дека се на добар пат да го остварат тоа покажуваат и податоците за продажбата на електричните возила во текот на изминатиот месец. Според тие податоци, во текот на ноември речиси 3/4 од продадените автомобили имале само електрични мотори. Точниот удел на електричните возила изнесува 73,8%, а ако на тој број ги додадеме и хибридните возила, уделот се искачува на речиси 95%.

Во текот на 30-те дена од минатиот месец во Норвешка се продале 356 автомобили бензинци, што е удел од само 2,3%, додека уделот на дизелашите е малку поголем  – 2,7%. И во двата случаи станува збор за пад на уделот во однос на истиот период 2020 година, која тие проценти биле 5,1% и 5,4% соодветно.

Од друга страна, уделот на возилата со нула емисија скокнал од 56,1% на 73,8%, додека уделот на хибридите паднал од 33,3% на 21,1% во истиот период, што исто така е индикативно и покажува дека луѓето се помалку купуваат хибридит и наместо нив купуваат возила со само електрични мотори.

Меѓу возилата на струја најпопуларни се два модели на Tesla – Model Y, кој е продаден во повеќе од 1.000 примероци, па моделот Model 3 со 771 продадени возила. Следуваат VW ID.4 со 725 продадени возила, Audi Q4 e-tron со 661 и Nissan Leaf со 655 продадени возила.

(Electrek)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!