-3.2 C
Skopje
среда, јануари 19, 2022

Кинези направија вештачка Месечина на Земјата

Kabtel desktop

Кина изгради вештачка Месечина на Земјата која ги симулира условите на ниска гравитација. Се очекува дека вештачката Месечина ќе има клучна улога во идните кинески лунарни мисии.

Научникот Ли Руилин од кинескиот Универзитет за рударство и технологија изјави дека се очекува проектот за вештачката Месечина во градот Џужи на истокот на Кина да стартува во наредните месеци. Ли ја опиша програмата како подигнување на симулациите на Месечината на целосно ново ниво затоа што може да направи гравитацијата да исчезне и може да трае колку што е потребно.

Кинеската вештачка Месечина се состои од вакуум комора во која се наоѓа минијатурна верзија на Месечината со дијаметар од 60 цм. Пејзажот е сличен како на Месечината и се состои од камења и прашина кои се лесни како тие на вистинската Месечина. Таа поддржува магнетно поле како и на Месечината, каде што гравитацијата е отприлика на ниво на 1/6 од јачината на гравитљацијата на Земјата. Таму каде што полето е доволно јако одредени лесни објекти и животни, како жаби или костени, можат да левитираат.

Ли нагласува дека проектот веројатно ќе игра битна улога во подготовките за кинеските лунарни мисии, ќе им овозможи на научниците да тестираат опрема и дури ќе спречи погрешни пресметки.

(RT)

(фото: Pexels)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!