-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Кој е првиот крипто милијардер во светот?

Kabtel desktop


Директорот на најголемата глобална менувачница за криптовалути, Чангпенг Жао, се приклучи на листата со најбогати луѓе во светот со проценета нето вредност од најмалку 96 милијарди долари.

Според новите пресметки на индексот на милијардери на Blооmberg, Чангпенг сега се наоѓа на високата 11. позиција. Неговото богатство сега може да се спореди со богатството на соосновачот на Gооglе, Лери Пејџ (123 милијарди долари) и основачот на Fасеbооk, Марк Цукерберг (122 милијарди долари).

Според новата проценка, Чангпенг го надмина и мистериозниот творец на биткоин, Сатоши Накамото, кој после големиот пад од над 40% на најпознатата криптовалута, сега поседува 46 милијарди долари.

Најбогат човек во светот и понатаму е Илон Маск, со богатство кое сега изнесува 271 милијарди долари.

Сепак, како што пишуваат медиумите, богатството на Чангпенг има потенцијал да биде многу поголемо со оглед на тоа дека оваа проценка не ги зема предвид неговите лични критповалути, кои, меѓу другото, вклучуваат личен токен на неговата компанија BNB, кој минатата година скокна за околу 1.300%.

Неговиот пат до богатството и позиционирањето на листата со најбогати почнува во Шангај во 2013 година, кога тогашниот директор на BTC China, Боби Ли, додека играле покер го предизвикал да инвестира 10% од своето богатство во биткоин. Откако некое време ја анализирал криптовалутата, ја донел најбитната одлука во својот живот и го продал својот стан, а сите пари ги инвестирал во сега највредната криптовалута во светот.

Во 2017 година ја основал компанијата Binance (бинарност+финансии) и речиси преку ноќ самиот себе се лансирал во светот на крипто гигантите. Чангшенг дури и го теторивал логото од својата компанија на раката, а во повеќе наврати изјавувал дека се што сака е да држи криптовалути.

Чангпенг е канадски државјанин, а роден е во кинеската провинција Џангсу. Татко му бил универзитетски професор, кој бил прогонет во текот на Културната револуција. Кога Чангпенг имал 12 години се преселиле во Ванкувер.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia, Binance)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!