Европа забранува следење на интернет

- Advertisement -


Во Европскиот парламент помина строгата забрана за земање податоци од граѓаните со цел огласување на интернет. Сите добро знаеме дека штом се вклучиме на интернет не опсипуваат реклами за се и сешто, „колачиња“, лажни вести и други методи кои се користат со цел да ни влезат во оперативниот систем на компјутерите, во телефоните или другите гаџети и да ни ги научат навиките и интересите.

Во ЕУ тоа повеќе нема да го има затоа што Европскиот парламент го усвои предлогот за забрана за следење на граѓаните на интернет преку огласи. Новите правила ќе се однесуваат и на тргување на интернет, каде што купувачот често не го добива оној производ кој го видел на оглас. Сега сите компании кои огласуваат на Facebook ќе мора да бидат проверени, но и ќе се покрене ефикасна служба за поплаки од корисниците.

- Advertisement -

Ако не знаете како функционираат популарните „колачиња“ и не знаете дека вашите податоци се испраќаат на адресата на повеќе од 700 компании во светот, ви препорачуваме да се информирате за тоа на интернет за да се заштитите подобро.

После финалното гласање, предлогот на Парламентот ќе влезе во преговори со Собранието и со Комисијата.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -