Coach, македонската иновативна платформа за обуки на вработените ќе се извезува во САД!

- Advertisement -

Секоја компанија е успешна толку колку што се едуцирани и мотивирани нејзините вработени. Постојаното учење на работникот е процес кој се одвива паралелно со растот на компанијата која цели кон нови и повисоки успеси. Обезбедувањето постојано надоградување и развој на вработените, а притоа тоа да не е ограничено само на два-три дена обука, е идејата на компанијата „Концептива“ која ја создаде платформата Coach.

Според Калина Трајаноска, ко-осоновач на „Концептива“, зад Coach стои тим составен од ентузијасти со големи амбиции. Во моментов се десет на број, но очекуваат и нови колеги. Секој член од тимот е исклучително важен дел од сложувалката и придонесува не само со своето знаење, туку и со својата енергија, креативност, снаодливост и истрајност. Резултат на тоа е алатка која преку интерактивни игри на забавен начин ги едуцира работниците, а на работодавачот му дава податоци за степенот на нивните знаења и потребата за надградување.

- Advertisement -

Новинар- Сања Наумовска

Калина, кажете ни нешто повеќе за платформата Coach, што ја развива вашата компанија „Концептива“.

- Advertisement -

Платформата Coach ја трансформира обуката во рамките на компаниите од еднократен настан во континуиран процес на подобрување. Вработените, преку мобилна апликација добиваат пристап до интерактивни игри со содржини поврзани со нивното работење – на пример ако се комерцијалисти – добиваат прашања за продуктите кои ги продаваат, ако се во производство – прашања за работењето со машините и слично.

Со редовно користење, Coach ги открива слабите точки во знаењето на секој од вработените и преку наредните прашања и лекции успева да им помогне да ги пополнат тие празнини и да постигнат подобри перформанси, на пример зголемена продажба или помалку грешки при работата.

- Advertisement -

Coach е погоден за спроведување на различни типови обуки како:

•          Обуки за продуктни спецификации

•          Onboarding на нови вработени

•          Обуки за безбедност при работа

•          Доквалификација или преквалификација во рамките на компанијата

•          Обуки за процедури или законски регулативи

•          Работа со машини и контрола на квалитет

•          Обуки за успешно услужување клиенти

и уште многу други.

Мобилната апликација е достапна за iOS и Android уреди со богат сет од функционалности, а администрацискиот панел е достапен во базична верзија и постојано го надградуваме.

Главниот проблем кој го решаваме е тоа што компаниите ги третираат обуките како еднократен настан и сметаат дека по завршената обука вработениот со добиеното знаење ќе располага засекогаш. Но, реалноста е сосема различна – нашиот мозок не е направен да запамети сè. Всушност, повеќе од 70% од новостекнатите знаења се забораваат по само 2 недели, што е огромна загуба за компаниите! Со Coach целиме да ги поправиме овие проблеми на тој начин што обуките ги третираме како континуиран процес на подобрување. Вработените добиваат пристап до нашата мобилна апликација каде преку интерактивни игри одговараат на прашања од нивните обуки со што се освежува и зацврстува нивното знаење.“

Од каде идејата за разработка на ваква платформа?

Како тим, со мојот коосновач Александар Ацковски доаѓаме од „Артистика“, креативна дигитална агенција и негов прв претприемачки успех. Повеќе од шест години функциониравме во тандем – заедно осмислувавме и имплементиравме различни дигитални решенија како системи, веб и мобилни апликации за интернационални клиенти од најразлични индустрии.

Всушност, преку работењето на проект за дигитална трансформација на обуки за клиент на „Артистика“, иницијално ги воочивме проблемите во индустријата. Со моменталните практики на учење, многу брзо по обуките кај вработените се креираат празнини во знаењата врз кои менаџментот нема никаков увид, а предизвикуваат сериозни проблеми за перформансите на компанијата во повеќе сегменти, особено во продажбата. Увидовме дека решенијата достапни на пазарот не се доволно ефикасни и тука се формираше идејата за Coach.

Покрај нас, сега во екипата кој стои зад Coach се и тимот за развој на продуктот – Андреј и Петар, маркетинг тандемот – Марко и Моника, тимот за контрола на квалитет – Мирослав и Антонио, Дарко во улога на DevOps грижејќи се за инфраструктура и дизајн дуото – Гого и Александар.

Објаснете ни нешто за сетот од интерактивни игри преку кои се обезбедува учењето. Како се спроведува процесот на учење?

Во моментов имаме развиено осум игри за учење и секоја од нив овозможува поставување различен тип прашања. Некои игри покриваат визуелни информации, други – текстуални, трети – нумерички, но целото корисничко искуство на вработените е смислено на тој начин да биде забавно, а сепак примарната цел да остане учењето. Покрај игрите кои се моментално достапни, имаме уште 20-тина игри кои се во фаза на концептуализација и би станале дел од нашето портфолио во иднина.

Процесот на учење е доста едноставен – во секоја од игрите вработениот треба да го одговори прашањето со одредена акција, на пример: сортирање, споредување, впишување или селектирање на одговорот. Доколку одговори точно, Coach го наградува со поени, а доколку згреши – Coach му го покажува точниот одговор и на тој начин вработениот континуирано учи.

Игрите имаат краток тајмер од една минута за лесно да се вклопат во секојдневието без да пречат во извршување на работните обврски. По завршувањето, Coach му задава материјали за читање на секој вработен според неговите грешки за да може да ги пополни празнините во знаењето.

Кои се бенефититие за компаниите од оваа платформа?

Од една страна – компаниите добиваат увид во знаењето на своите вработени како никогаш претходно што им овозможува веднаш да детектираат кои области се проблематични и треба да се подобрат. Од друга страна, самите вработени многу подобро ги владеат информациите кои се потребни за успешно вршење на својата работа и со тоа можат да постигнат максимални резултати и притоа да ги намалат грешките.

Со моменталниот пристап кон обуките, со кој вработените рапидно забораваат информациите по обуката, средствата кои компаниите ги вложиле во обуката ја губат својата вредност. Нашата цел е да се осигураме дека релевантното знаење нема да избледне.

Неодамна добивте инвестиција за развој на платформата од ХФактор Акцелератор. За што ќе бидат употребени средствата?

Инвестицијата од ХФактор е значаен чекор за нас и ја насочуваме кон зајакнување на тимот во областите на маркетинг и програмирање, кон пласирање на Coach на пазарот и засилување на продажните активности.

Кои се потенцијалните таргет пазари кои кои целите?

Уште во најраните фази на идејата и нејзина првична валидација, сфативме дека Coach има потенцијал од глобален размер. Најпрво би сакале да започнеме од локалниот и регионалниот пазар, а по неколку успешни имплементации, продуктот ќе го пласираме на глобалниот пазар, со особен фокус на САД.

Во однос на индустриите – пронаоѓаме различни примени на Coach во автомобилската, фармацевтската, финансиската, производствената, малопродажната, авио индустријата и многу други.

Какви се вашите планови за иднината, работите ли и на други проекти?

Следни важни чекори за нас се да добиеме фидбек од страна на корисниците во реални околини, да изготвиме case studies поткрепени со солидни резултати и потоа да настапиме на глобалниот пазар. Паралелно со тие активности, ‘зад завесите’ развиваме нови, револуционерни алатки со помош на вештачка интелигенција – но, за тоа повеќе во следна прилика. 

Сподели!
- Advertisement -