САД го одобри првиот тест за откривање КОВИД-19 преку здивот

- Advertisement -

Американската агенција за храна и лекови итно го одобри првиот тест кој го детектира присуството на корона вирусот преку здивот. Со оглед на тоа дека пандемијата на КОВИД-19 е далеку од завршена, потребни се нови методи на детекција на оваа болест кои брзо ќе даваат резултати. Тестовите базирани на PCR се многу прецизни, но треба да се чека долго време за резултатите. Од друга страна, антигенските тестови брзо даваат резултати, но зависат од повеќе компоненти, кои не секогаш се имаат при рака. Тестот преку здивот е комбинација од најдоброто од тие два теста и без нивните недостатоци.

Уредот за детекција преку здив се вика InspectIR и е голем колку мал куфер, а користи сламки од хартија. Тој што се тестира треба да дувне во сламката. Таа сламка потоа се става на посебен сад за анализа и покажува дали некој е позитивен или не. Сингапур одобри сличен уред пред околу 10 месеци.

- Advertisement -

Техниката која се користи во овој случај се вика хроматографска масена спектрометрија, каде што примерокот од воздухот дувнат во сламката се бомбардира со високоенергетски зрак од електрони. Примерокот така се дели на помали молекули. InspectIR бара само пет соединенија кои се поврзуваат со инфекцијата со КОВИД-19 и за време од 3 минути дава позитивен или негативен резултат.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -