19.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Huawei ги повикува сите програмери заедно да иновираат – дава над 1 милион долари за најдобрите апликации

Kabtel desktop

Huawei испрати повик до програмерите од целиот свет во рамките на третото издание на натпреварот Huawei Global App Innovation Contest (Apps UP). Ги повикуваат програмерите да се регистрираат и да ги покажат своите идеи и вештини на темата „Заедно иновираме“. Најдобрите апликации кои на корисниците им носат беспрекорно и иновативно искуство ќе бидат наградени со вкупно над милиони долари.

Како што додаваат од Huawei, оваа платформа, освен на корисниците, им овозможува пробивање на светската програмерска сцена на многу девелопери, а тоа го потврдуваат и бројките од 10.000 пројавени решенија од страна на речиси 10.000 програмери.

Од Huawei се надеваат дека на глобално ниво ќе ги здружат вештините на програмерите за да донесат паметни апликации и опции в своите уреди за сите корисници во светот, за дигиталната иднина која почнува сега.

Натпреварот, кој истовремено се одржува во целиот свет, покрај најдобрата апликација, најдобрата игра, најдобрата апликација за социјално влијание, награда за најдобра апликација која покрива поширок спектар на потреби и наградата Tech Women’s, годинава во Кина се додава и наградата за најдобра иновација за мобилни услуги HMS. Исто така, тука се и новата категорија и наградата Student Innovation Award, кои оддаваат признание на извонредните студентски програмери кои прикажуваат одлична работа со вештачка интелигенција.

Покрај богатиот награден фонд, натрпреварувачите ќе можат и да основат некои други награди и можности кои инаку не се достапни. Регистрирањето започна на 24 јуни и ќе трае до 9 октомври, а дополнителни информации може да се најдат на официјалните страници на натпреварот.

(Zimo)

(фото: Huawei)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!