ВИДЕО: Дрон спасува момче од давење во море

- Advertisement -

Дрон помогна да се спаси животот на момче кое се давеше во водите близу брегот на градот Сагунто во Валенсија, Шпанија, пишува El País. Инцидентот се случил на 1 јули кога 14-годишно момче отишло да плива додека биле подигнаи жолтите знаменца, кои змачат дека пливачите треба да се внимателни кога влегуваат во водата.

За разлика од спасувачите со џет ски, дронот немало потреба да плови по големите бранови и за многу кратко време му фрлил појас за спасување на момчето.

- Advertisement -

Луѓето кои потоа го извлекле момчето од водата велат дека тоа се борело со брановите за да излезе од водата, но бидејќи морето било многу разбранувано во времето на инцидентот, да не би,а технологијата на помош момчето ќе потонело поради премореност.

Локалната служба за спасување го испратила дронот-спасувач, а од видеото кое се појави на интернет може да се види како момчето се мачи да го дофати појасот кој му го дава дронот. Кратко потоа двајца спасувачи пристигнале на местото со џет ски.

- Advertisement -

Градоначалникот на Сагунто, Дарио Морено, за El País изјави дека ова е петто такво спасување со дрон годинава. Шпанското гратче Сагунто ги користи дроновите од 2017 година.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(geograchiorg.com)

Сподели!
- Advertisement -