18.8 C
Skopje
недела, јуни 11, 2023

Фалсификување на зачини – Најранлив е синџирот на снабдување со оригано, следат биберот, шафранот, куркумата…

Kabtel desktop

ЕУ произведува околу 100.000 тони зачински билки годишно, а увезува трипати повеќе, главно од Азија, Африка, Латинска Америка и Карибите. Во 2019 година, земјите членки увезле 379 илјади тони зачини од трети земји.

Дури 61% од Европјаните во анкетата на јавното мислење на Евробарометар 2020 изразиле загриженост поради измамата во однос на исправноста на изјавите за квалитетот на храната, додека 55% од нив се загрижени за ризиците што може таа да ги претставува по нивното здравје. Четири од десет изјавиле дека сакаат да бидат безбедни во храната која се увезува како и во храната произведена во ЕУ.

Во обид да се справи со можните измами, Европската комисија воспостави координирана контрола со цел попис на обемот и големината на неусогласените и незаконски маркетиншки практики во врска со билките и зачините на европскиот пазар.

На што најмногу се мами?

Студијата покажала дека за 17 отсто од анализираните билки и зачини постои сомневање за фалсификување, а најранлив е синџирот на снабдување со оригано.
Половина од примероците биле осомничени за фалсификување. Се верува дека станува збор за мешавина со лисја од маслинки. Потоа следат 17 отсто од мострите за бибер, 14 отсто за ким, 11 отсто за куркума, исто толку за шафран и шест отсто за пиперката и чилито.

Според соопштението на ЕК, можни се манипулации во секоја фаза од процесот, од производство, испорака, преработка па сѐ додека производот не стигне на пазарот.

Меѓу најчестите манипулации се:

-состојки, адитиви, бои или која било друга состојка што не е одобрена за употреба во храна и/или зачински билки;

-состојки, адитиви, бои или која било друга состојка одобрена за употреба во храната, но незаконски декларирани или означени во форма што може да го доведе во заблуда купувачот;

-зачини или билки во кои секоја вредна состојка што го доведува во заблуда клиентот е изоставена или отстранета;

-додаден е дел од истото ботаничко растение, но не до степен што е деклариран, што го доведува во заблуда купувачот.

Повеќето од сомнителните примероци кои беа идентификувани со истражувањето содржеле недеклариран растителен материјал. Само во два отсто од анализираните примероци на зачини се откриени неовластени бои. Едниот содржел високо ниво на олово хромат.

Инспекциските тела за храна можат да имаат корист од резултатите од оваа студија бидејќи им овозможува подобро да ги фокусираат контролните активности на борбата против измамите со храна, се вели во соопштението на Комисијата.

Извор – Агротим

Фото – Wikimedia

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!