Amazon развива вакцина против рак

- Advertisement -

Речиси неверојатно звучи веста дека една од најголемите интернет-продавнции во светот, Amazon, влегува во светот на медицината. Имено, како што потврдија од Истражувачкиот центар за рак Фред Хачинсон, почнале партнерство со Amazon во истражувањето на ефикасноста на вакцина против рак. Како што истакнаа, работат на развојот на персонализирани третмани за одделни облици на рак, а моментално рабаат кандидати за првата фаза од тестирањето.

Станува збор за дол, повеќегодишен процес, кој нема гарантиран успешен изход, велат од Истражувачкиот центар. Имено, тие ја тестираат безбедноста на персонализиран нео-антигенска пептидна вакцина во лекување на пациенти со рак во 3 или 4 стадиум, односно колку е ефикасна вакцината при лекување рак на дојка кој метастазирал и не реагира на други форми на лекување.

- Advertisement -

Велат дека вакцината е комбинација од неколку нео-антигени кои се карактеристични за пациентите. Целта им е да поттикнат активација на Т-клеточниот имунитет, кој треба да ги таргетира туморите.

Amazon придонесува за научнцото и експертското знаење во машинското учење, изјавија од Amazon. Според податоците за студијата кои се објавени на официјалните страници на американскиот регулатор, во првата фаза од студијата треба да бидат вклучени 20 учесници, а се очекува дека студијата ќе биде завршена до ноември 2023 година. Се наведува дека примарниот третман би требало да трае 25 недели, под услов да нема понатамошен напредок на болеста или неприфатлива штетност, а потоа уште до една година, ако нема несакани последици.

- Advertisement -

(BioPharma)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -