Земјата од денес живее на „еколошки кредит“, ги потроши сите ресурси за годинава!

- Advertisement -

Човештвото денеска ги потроши сите природни ресурси кои Земјата може да ги произведе за една година и со тоа влезе во „еколошки долг“, два дена порано од лани.

Денот на надминување на ресурсите на Земјата од почетокот на 70-тите се случуваше порано, со исклучок на 2020 година, кога беше на 22 август поради помалото исцрпување на ресурсите поради пандемијата.

- Advertisement -

Светската организација „Глобал футпринт нетворк“ која секоја година го пресметува датумот, соопшти дека за обнова на се што му е потребно на човештвото од природата потребен е биокапацитет од 1.75 планети земји.

Три милијарди луѓе живеат во земји кои произведуваат помалку храна отколку што консумираат и заработуваат помалку од светскиот просек, се вели во извештајот. Исто така, 72 отсто од светската популација живее во земји со дефицит на биокапацитет и помали приходи од светскиот просек.

- Advertisement -

Во соопштението се нагласува дека 60 отсто од еколошкиот отпечаток на планетата се состои од емисии на јаглерод диоксид и дека тие мора да се сведат на нула до 2050 година за да се избегнат брзите климатски промени.

Радио МОФ

- Advertisement -

Фото – Piqsels

Сподели!
- Advertisement -