Венеција ја одложи наплатата на влезници за туристите

- Advertisement -

Венеција го одложи планор за наплаќање влезници за туристите затоа што градското собрание уште го нема целосно одобрено новиот процес за издавање билети, изјави портпаролот на градоначалникот Луиџи Бруњара.

Властите во јули рекоа дека посетителите мора да ја резервираат својата посета на градот онлајн од 16 јануари 2023 година натаму и да платат од 3 до 10 евра за влез, со цел да го контролриаат влезот во градот.

- Advertisement -

Меѓутоа, сега од канцеларијата на градоначалникот рекоа дека градското собрание уште не ги одобрило неопходните прописи, што значи дека датумот за почеток мора да се помести. Целиот процес ќе трае најмалку шест месеци.

Планот, кој прв пат беше претставен во 2019 година, првично беше одложен поради пандемијата на КОВИД-19, која ги спреи туристите да дојдат. Меѓутоа, годинава се врати приливот на туристи во Венеција, а бидејќи посетителите често до го надминуваат бројот 50.000 во центарот од градот, наплатата на дневни билети повторно е на дневен ред.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -