Британски научници открија дека ракот има способност за бесконечна еволуција

- Advertisement -

Научници открија дека остатоци од вируси, кои со милиони години се сокриваат во човечкото тело, му помагаат на организмот во борбата со ракот. Освен тоа, констатирале дека ракот има можност за бесконечна еволуција.

Според истражувањето на британскиот таблоид Francis Crick, станува збор за остатоци од вирус кои кога се „будат“, односно реагираат кога ќе се појават клетки на ракот. Со тоа имунолошкиот систем го напаѓа туморот.

- Advertisement -

Ова откритие сакаат да го искористат за да направат вакцина за лекување на ракот или за превенција на појавата на рак. Забележана е врска меѓу шансите за преживување од рак ан бели дробови и делот од имунолошкиот систем кој се вика Б-клетки, кој се концентрира околу туморот.

Б-клетките се дел од човечкиот организам кој произведува антитела и се познати по својата улога во борбата против заразите, како што е корона вирусот.

- Advertisement -

Ретровирусите своите генетски инструкции му ги даваат на човечкиот организам. Некои од нив овозможуваат клетките да имаат корисна улога, додека останатите инструкции се строго контролирани за да не се шират.

Антителата ги поттикнуваат другите делови од имунолошкиот систем да се изборат со заразените клетки. Всушност, имунолошкиот систем се обидува да ги отстрани клетките на ракот. Британските научници сметаат дека е фасцинантно тоа што ретровирусите можеби кај нашите предци го предизвикувале ракот, а сега нас не штитат од ракот.

- Advertisement -

Истражувањето, кое е објавено во научното списание Nature, ја утврдило скоро бесконечната способност на ракот да еволуира. Тоа истражување наведува повеќе да се фокусираме на превенцијата на ракот, затоа што неговото ширење тешко може да се стопира, пишува BBC.

(BBC)

Сподели!
- Advertisement -