Јапонци развиваат лек кој ќе помогне по трет пат да ни никнат нови заби

- Advertisement -

Лекот за растење нови заби кој го создадоа истражувачи од Јапонија наскоро влегува во клинички испитувања на луѓе затоаншто се покажа како ефикасен кај животните. Ако се покаже дека е безбеден и ефикасен и кај луѓето, овој лек може еден ден да ни овозможи да ги регенерираме забите кои сме ги изгубиле поради повреди, кариес или старост.

Протезите и имплантите можат да ги заменат изгубените заби, но тие никогаш не даваат вистинско чувство на природно и вклучуваат сериозни хируршки зафати. Тимот од Јапонија напредува во развојот на револуционерниот лек кој може да овозможи на луѓето да им никнат нови заби, а клиничките испитувања треба да почнат во јули идната година.

- Advertisement -

Лекот, пред се, е наменет за луѓе кои поради вродени недостатоци немаат целосен сет на заби. Јапонските научници сакаат лекот да биде спрелен за ошта употреба до 2030 година.

Во претходните експерименти на животни лекот го поттикнал растот на трет сет на заби после млечните, а потоа и постојани заби кај возрасните животни.

- Advertisement -

„Можноста за растење нови заби е сон на секој заболекар. Работев на тоа уште откога дипломирав. Бев уверен дека ќе успеам да го остварам тоа“ вели д-р Кацу Такахаши, водечки истражувач и шеф на Одделот за стоматологија и орална хирургија во болницата Китано при Институтот за медицински истражувања во Осака.

Анодонцијата е вроден недостаток кој го има околу 1% од популацијата, а последицата е дека пациентот нема да ги има сите 32 заби. Се смета дека генетските фактори се главната причима кај 1/10 од пациентите со анодонција кои немаат 6 или повеќе заби, што се карактеризира како олигодонција.

- Advertisement -

На некои животни, меѓу кои и ајкулите, континуирано им растат нови заби. Се претпоставува дека на луѓето им растат само два сета на заби во текот на животот, но всушност постојат докази дека имаме потенцијал и за трет сет заби. Кај околу 1% од популацијата се јавува спротивна појава од анодонција или хипердонција, односно вродена состојба која предизвикува поголем број заби од вообичаено.

Според истражувањата на тимот на Такахаши, секој трет таков случај се манифестира како раст на трет сет на заби. Такахаши верува дека во најголем дел од случаите способноста на луѓето да им пораснат трет сет на заби кои се губат со тек на време. Кога истражувачите го примениле лекот на творови, им пораснал дополнителен преден седми по ред заб. Бидејќи новите заби растат помеѓу постојните предни заби и имаат ист облик, се смета дека лекот поттикнал генерирање на трети заби кај животните.

(RTS)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -