Катерина Трајчевска: Работното место какво што го знаеме денес воопшто нема да постои!

- Advertisement -

Интервју со Катерина Трајчевска, соосновачка на Адева, по повод отворањето на новиот Coworking центар во Скопје – „The Hub by Adeva”

Катерина е соосновач на Адева, мрежа на ИТ професионалци распространета во повеќе од 35 земји во светот, која им овозможува на компаниите да вработат врвни ИТ таленти од целиот свет, додека на своите членови им дава можност за работа со етаблирани светски компании.

- Advertisement -

Како извршен директор на Адева, Катерина е поборник за флексибилност на работното место. Таа е поранешен амбасадор на глобалното движење Women in Tech и активна во разни иницијативи за еднакви можности и инклузија.

Во срцето на Адева е глобалната заедница на ИТ таленти и компании, за кои континуирано креираат можности за професионален развој и придонес кон општеството. Сега, оваа заложба добива своја надградба со “The Hub”, новиот коворкинг центар кој започна со работа во Скопје, а планот е да стане глобален бренд кој ја редефинира иднината на работата и работното место.

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

The Hub е нов coworking простор во Скопје, зад кои стои Адева, позната домашна ИТ компанија. Може ли на почетокот да споделите малку повеќе детали за просторот.

О: The Hub е coworking простор кој нуди флексибилнo место за работење. Станува збор за еден уникатен хибриден работен простор кој што е дизајниран за продуктивност. Посветени сме на обезбедување инспиративна средина и уникатни искуства во рамките на нашата заедница.

- Advertisement -

The Hub е тука за да му даде нов облик на односот работа – работен простор и да ја урамнотежи динамиката помеѓу работата и работниот простор со почитување на принципите на одржливост, флексибилност и беспрекорност.

Оваа трансформација го негува индивидуалниот раст и негува заедница подготвена да има трајно влијание како врз индустријата, така и врз општеството. Просторот се наоѓа на бул. Партизански одреди, спроти Соборниот Храм и нуди 30 индивидуални бироа за работа, простории за групни и индивидуални состаноци, простор за оддржување настани, како и приватни канцеларии со можност за долгорочно изнајмување. Во просторот на располагање се и опуштен дел за неформални состаноци и релаксација, кујна и други удобности наменети да креираат продуктивна и мотивирачка работна околина.

Минавме низ период во кој работењето од дома стана стандард, посебно во ИТ индустријата. Од каде идејата токму периодов да отворите coworking простор?

Флексибилното работење не значи само работа од дома. Тоа е еден нов стил на работа кој се прилагодува на работната динамика која денес се менува побрзо од било кога. Во основа, веќе не е важно колку време поминуваме на работното место туку колку вредност креираме.

Кога зборуваме за иднината на работата, цврсто веруваме дека работното место какво што го знаеме денес воопшто нема да постои. Но, чувството на припадност кон нешто поголемо од себе и поврзување со луѓе што делат слични интереси несомнено ќе останат дел од потребите на луѓето, без разлика како го организираат својот работен ден.

The Hub ќе го понуди токму тоа – место каде ќе се креираат нови конекции, соработки, пријателства, како и иницијативи кои ќе придонесат за зајакнување на локалната заедница. Од таа перспектива можеби и нема подобро време од сега. Пристапот кон организација на работата е генерално многу пофлексибилен, а изолацијата изминативе години целосно ги измести социјалните навики кај луѓето. Хабот ќе биде едно катче што ќе стимулира продуктивна работа паралелно со враќање на социјалната конекција.

Кажете ни нешто повеќе околку концептот на работење што го планирате. Што ќе биде карактеристично за The Hub како coworking центар?

The Hub ќе понуди широка лепеза на настани кои ќе поттикнат значаен раст и промени, како на индивидуално ниво, така и во рамки на индустријата, но и во целото општество.

Зборуваме за обуки, работилници, хакатони за општествено добро, сесии за добросостојба и враќање во баланс. Ќе ја вклучиме не само стручната заедница туку и сите оние кои имаат интерес да се вклучат или да ги прошират своите знаења или сметаат дека можат да придонесат заедно да направиме промени.

Дополнително, целиот профит што ќе го остварува The Hub, ќе биде вратен и реинвестиран во заедницата, што е уште еден доказ за нашата целосна посветеност на овие вредности.

Каква заедница очекувате да соберете околу овој коцепт? Кои се луѓето на кои очекувате The Hub да им биде омилено свратилиште?

Целта е местото да биде прв избор за сите оние кои претпочитаат флексибилност кај работното место – за фриленсерите, дигиталните номади, стартап тимовите, како и за оние кои сакаат привремена промена на работното секојдневие. Покрај удобностите и функционалноста, заедницата и настаните што ќе ги понуди местото ќе бидат всушност и обединувачка точка за сите оние кои ќе го посетуваат The Hub.

Како ја оценувате стартап сцената во МК и каков feedback очекувате од нив?

О: Отворањето на нашиот coworking простор доаѓа во момент во кој македонската стартап сцена покажува одлично придвижување и видливи резултати. Веруваме дека со нашата заложба ќе бидеме катализатор овој позитивен тренд уште повеќе да расте, а The Hub да биде центар за оваа сцена и место каде што ќе може да се сподели знаењето.

И ова не се само наши очекувања, туку нешто на што активно ќе работиме од првиот ден на отворањето на Хабот. Имаме цел тим кој ќе биде посветен на креирањето и растењето на една активна заедница во и околу нашиот центар, преку креирање и курирање настани за вмрежување, споделување знаење, заедничка работа на проекти. Тоа значи дека секој од стартап заедницата ќе може да добие голема корист од Хабот, без разлика во која развојна фаза се наоѓа.

Кои се развојните планови што ги имате за The Hub и целиот концепт што го претставува?

Отварањето на The Hub во Скопје е голем чекор со кој почнуваме една глобална приказна. Имаме за цел да го реплицираме искуството на The Hub надвор од Македонија, проширувајќи се на нови локации каде Адева веќе има силна заедница на ИТ професионалци. Посветени сме да им вратиме на заедниците на кои им служиме преку нашата програма за придобивки на заедницата.

Нашата крајна цел е да бидеме место каде над илјадници луѓе ќе можат да најдат чувство на припадност, каде што компаниите и поединците можат да се обратат за беспрекорни решенија за работниот простор и предзивиците кои доаѓаат со тоа.

Планираме да бидеме домаќини на преку 100 настани годишно, здружувајќи ги професионалците и мисловните лидери да споделуваат идеи и да се инспирираат еден со друг.

Додека гледаме напред, решени сме да ја зацврстиме нашата позиција во технолошкиот екосистем, станувајќи темел на индустријата. Заедно, замислуваме иднина во која The Hub ќе продолжи да напредува и да се развива, и ќе има трајно влијание врз начинот на кој работиме, се поврзуваме и растеме.

Сподели!
- Advertisement -