Амазон започнува со тестирање на робот кој може да крева предмети во магацини

- Advertisement -

Амазон тестира хуманоиден робот за кој од компанијата рекоа дека може да фаќа и крева предмети додека паралелно ги засилува напорите за автоматизирање на магацините.

Главниот технолог на одделот за роботика во компанијата, Тај Брејди изјави дека тестирањето на таканаречениот робот „Дигит“ се’ уште е во многу рана фаза.

- Advertisement -

„Сега се грижиме за тоа да го разбереме подобро роботот и да видиме дали ќе биде соодветен за нашите процеси“, изјави тој.

Се’ уште не се знае дали Амазон ќе го користи роботот во фабриките и дали тоа ќе влијае на работните места.

- Advertisement -

Брејди изјави дека иако роботот ќе придонесе за тоа некои од работните позиции да станат непотребни, сепак распоредувањето на роботите ќе креира и нови работни можности. Од компанијата кажаа дека „Дигит“ ќе соработува со вработените.

„Нашата првична употреба за оваа технологија ќе биде да им помогнеме на вработените со рециклирање торби, многу повторувачки процес на подигање и преместување на празни торби штом целосно ќе се издвои залихата од нив“, додаде компанијата.

- Advertisement -

Во меѓувреме, Амазон во средата изјави дека користи друг роботски систем во едно од нивните складишта во Хјустон. Технологијата „Sequoia“ ги користи мобилните роботи и роботски раце.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -