Астрономи открија атомски кислород во дневната атмосфера на Венера

- Advertisement -

Астрономи во најновото истражување открија атомски кислород во дневната атмосфера на Венера. Таквото директно набљудување на Венера во текот на денот дава драгоцен увид во сложената динамика на атмосферската циркулација на Венера.

Оваа планета, иако е слична со Земјата по масата и составот, многу е различна во многу други аспекти. На пример, нејзините густи облаци со доминантен јаглерод диоксид ја покриваат планетата, создавајќи ефект на стаклена градина, кој резултира со површински температури до 464 степени Целзиусови. Кисели дождови паѓаат од тие облаци, а атмосферата на планетата се движи со неверојатна брзина, со ветришта кои достигнуваат над 700 км/час.

- Advertisement -

Прашањето зошто нашата планета и Венера станале толку различни и понатаму е мистерија, но истражувањето на атмосферата на оваа планета е клучно за дешифрирање на разликите меѓу двете планети и расоткривање на нивната заедничка историја.

Атомскиот кислород, за разлика од кислородот кој го дишеме (молекуларен или O2), се состои од поединечни атоми на кислород со голема реактивност. Тие атоми лесно се врзуваат со други елементи и не се задржуваат долго. На Земјата ги има во изобилство на големи надморски височини, а настануваат со фотодисоцијација на молекуларен кислород со сончеви фотони.

- Advertisement -

Сличен процес се случува и на Венера, каде што сончевата светлина предизвикува фотодисоцијација на молекулите на јаглерод диоксид и дава атомски кислодор и јаглерод моноксид. Тие атоми на кислородот се спојуваат на темната страна на Венера и предизвикуваат сјаење. Додека атомскиот кислород претходно беше забележан на темната страна, новото истражување е првото кое откри атомкси кислород и на дневната страна на Венера.

Ова ново истражување го отвора патот за проучување на атмосферските зони на Венера и нуди подлабоко разбирање на сложеното однесување на планетата.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -