Електричните возила би можеле да имаат неочекувано влијание врз здравјето на луѓето

- Advertisement -


Поголемата популарност на електричните возила може да има позитивно влијание врз здравјето на милиони луѓе. Иако бројот на електрични возила во светот е сè уште релативно мал, во споредба со возилата со мотор со внатрешно согорување, едно американско истражување би можело да поттикне поголема продажба.

Имено, новите податоци на Американското здружение за бели дробови открија дека поголемата популарност на електричните возила може да има позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Според нив, ако само САД се префрлат на возила со нулта емисија и електрична енергија од обновливи извори, речиси 2,8 милиони напади на астма кај деца и повеќе од 500 случаи на смрт на доенчиња би можеле да се спречат до 2050 година. Исто така, може да се елиминираат речиси 2,7 милиони случаи на болести на горните дишни патишта кај децата. Се проценува дека почистиот воздух може да спаси 100 илјади животи.

- Advertisement -

Транспортниот сектор е водечки извор и на загадувањето на воздухот и на климатските кризи, што значи дека се потребни технологии со нулта емисија за да се намали штетата за децата, рече Вил Барет, виш директор на Американското здружение за бели дробови.

Тој додаде дека и возрасните со респираторни проблеми би можеле да имаат корист од почист воздух. Најголема корист би имале жителите на големите градови, особено оние со пониски примања кои вообичаено живеат во најзагадените области. Се проценува дека околу една третина од 120 милиони Американци живеат во области со загаден воздух.

- Advertisement -

Електричните возила би можеле да играат голема улога во создавањето почист воздух, бидејќи ја елиминираат употребата на фосилни горива. Дури и ако нивните батерии се полнат со електрична енергија произведена во електрани со фосилни горива, загадувањето ќе се намали.

Сепак, патот до електрификација на возниот парк е сè уште долг и скап. Американската влада планира да го паузира спроведувањето на амбициозниот план за преминување на електрични возила, бидејќи е констатирано дека овие возила се уште се прескапи за граѓаните. Со новото темпо, електричните возила се очекува да сочинуваат помалку од 60 проценти од сите возила произведени до 2030 година.

- Advertisement -

Извор – Zimo.dnevnik.hr

Фото –

Сподели!
- Advertisement -