Жените од целиот свет го избраа најдобриот автомобил за 2024 година

- Advertisement -

Вкупно 75 жени кои се новинарки за автомобилизам од 52 земји ширум светот го избраа најдобриот автомобил во светот за 2024 година. Од страна на престижното жири Women’s Worldwide Car of the Year за најдобар автомобил за годинава беше избрана Kia EV9. Ова е прв пат жирито за избере целосно електрично возило за светски автомобил на годината.

Пред гласањето, 75 новинарки од петте континенти вредно тестираа многу модели на автомобили. Меѓу 63 кандидати, најдобар автомобил во секоја категорија беше избран како победник во почетниот круг од гласањето. Победниците во секоја категорија беа следните:

- Advertisement -
  1. BMW Serije 5 (автомобил поголем од 4,6 метри)
  2. Volvo EX30 (автомобил до 4,6 метри)
  3. Kia EV9 (SUV)
  4. Volkswagen Amarok (4×4 и пикап)
  5. Aston Martin DB12 (ексзклузивен автомобил)

Како што велат од жирито, годинава изборот бил особено тежок поради многу добрите карактеристики на сите кандидати. Секој од финалистите имал доволно заслуги за да го освои трофејот, а Kia EV9 ги победила своите ривали затоа што ги задоволила потребите на потрошувачите во најголем дел од светот.

После внимателните анализи и темелното истражување, најголем дел гласови добила Kiа EV9, како водечки избор во категоријата SUV. Со импресиве простор и седумс едишта, ова е еден од првите вакви автомобили во својата класа. И покрај значајната должина од 5 метри, возилото има добри резултати и во аеродинамиката, и покрај коцкестиот дизајн.

- Advertisement -

Правилата при изборот на автомобилот биле автомобилот да биде нова генерација, а не редизајн, како и да е во продажба, и тоа на најмалку два континенти.

(WWCOTY)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -