“Волонтираме за подобар свет” е креативното мото на А1 Македонија за волонтерската програма на компанијата дел од платформата на активностите насочени кон општествена одговорност. Во рамки на прорамата, вработените на А1 обучија над четири илјади основци за безбедно користење интернет, сортираа облека во пунктот за бездомници, учествуваат во еко активности, се дружат и ги едуцираат ворасните од трето доба.
Имајќи го предвид долгогодишното масовно вклучување во волонтерски активности, А1 направи чекор понатаму и овозможи секој еден од вработените да ја добие можноста да посвети еден работен ден на хуманитарна активност.
Оттука, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје според специјално креираната листа на активности , вработените во А1 се вклучуваат во хумани активности според потребите на меѓународната организација. Досега тимот на А1 беше ангажиран за селекција на половна облека во магацините на Црвениот Крст во Момин Поток, беше вклучен во активности за поддршка во пунктот за бездомници и одржува предавања на членовите на групата Трето доба на основните теми за користење e-mail и безбедно користење интернет и социјални мрежи.
Од 2018та година живее и едукативната програма “Интернетот не е само игра…Кликај безбедно!” наменета за четвртоодделенци преку која волонтерите на позабавен начин ги едуцираат учениците како да се заштитат додека сурфаат на светската мрежа и како внимателно да пребаруваат. До сега се едуцирани повеќе од 4500 ученици во сите градови во Македонија.
Во време кога поддршката на ранливите групи е повеќе од потребна, А1 Македонија испраќа порака дека компаниите се дел од заедницата во која работат и дека активното вклучување во општествено одговорни проекти е одговорност кон заедницата во целост.
А1 Македонија ги вреднува волонтерските часови на вработените