Грција воведува шестдневна работна недела

- Advertisement -

Oд 1 јули годинава стапува на сила одредбата за шестдневна работна недела, а не мора да ја почитуваат компании и стопанства чија работа не е континуирана, односно кои и досега не работеле пет дена неделно.

Шро се однесува на ограничувањата, работниците на шестиот работен ден не смеат да работат подолго од 8 часа и не се дозволува прекувремена работа. Во случај компаниите или зејмоделските стопанства да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00), тогаш шестиот ден не смеат да работат ноќна смена.

- Advertisement -

Изменетиот закон за работа не само што ја предвиде шестдневната работна недела, туку овозможи работен ден кој трае максимално 13 часа, за да се легализира комбинацијата од постојана и дополнителна работа.

Оваа реформа на законот ги наведе критичарите да потсетат на еврпопската Директива за работно време, според која вработените во седумдневниот период не треба да работат подолго од 48 часа, вклучувајќи ги и прекувремените саати.

- Advertisement -

Новиот закон е донесен една деценија подоцна откако европските кредитори барале од земјата да воведе шестдневна работна недела, за да излезе од економска криза. Грците на референдум во 2015 година убедливо рекоа не на пакетот мерки кој го предложија кредиторите.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -