Министерството за правда на Соединетите Американски Држави размислува за поделба на технолошката корпорација Google. Ова следува откако значајна судска одлука покажа дека компанијата го монополизирала пазарот ѐа онлајн пребарување.
Се разгледуваат и помалку драстични мерки како принудување на Google да споделува повеќе податоци со конкурентите и усвојување мерки за спречување на Google да стекне неправедна предност во производите со вештачка интелигенција (ВИ), додаваат изворите.
Доколку американското Министерство за правда инсистира на поделба на Google, најверојатно ќе сака да ги одвои оперативниот систем Андроид и веб-прелистувачот на Google Chrome.
Официјалните лица, исто така, ги разгледуваат напорите да принудат можна продажба на платформата AdWords, што Google ја користи за продажба на текстуално рекламирање.
Google неодамна загуби многу важен судски спор во Соединетите Американски Држави, бидејќи според одлуката на Федералниот суд од 6 август, го прекрши американскиот антимонополски закон со својот бизнис во областа на пребарувањето на Интернет.
Одлуката би можела да стави крај на децениската доминација на Google во пребарувањето на Интернет на американскиот пазар и да го промени начинот на кој милиони Американци добиваат информации преку Интернет, објави CNN.
„По внимателно разгледување и мерење на исказите на сведоците и доказите, судот утврди дека Google е монопол и работел на одржување на својот монопол“, велат од судот.
Одлуката е голем удар за најважниот дел од бизнисот на Google. Компанијата претходно потроши десетици милијарди долари на ексклузивни зделки за да обезбеди доминантна позиција како стандарден светски пребарувач на паметни телефони и веб-прелистувачи.
Одлуката сугерира дека споменатите договори со Apple и други компании претставуваат повреда на пазарната конкуренција.
(021)
(фото: Needpix)