90 средни училишта од Балканот ќе станат суперучилишта!

- Advertisement -

Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO – РИКО) објави дека 90 средни училишта од Западен Балкан се избрани за учество во програмата за размена на RYCO – Superschools (РИКО – Суперучилишта).

Избраните училишта од регионот ќе спроведуваат регионални размени со повеќе од 1.300 ученици, додека РИКО ќе понуди различни можности за градење на капацитети за 90 наставници. Од овие 90 училишта 16 доаѓаат од Албанија, 16 од Босна и Херцеговина, 5 од Црна Гора, 8 од Косово, 15 од Македонија и 30 од Србија.

- Advertisement -

„Во претходните два циклуса учествуваа ученици од 25 училишта во Македонија, стекнувајќи позитивни искуства и создавајќи нови пријателства“, велат од РИКО.

Ива Глобочки од Скопје учествуваше на размената на Суперучилишта со училиште од Нови Сад, Србија и според неа ова било незаборавно искуство.

- Advertisement -

„Засекогаш сум благодарна што тргнав на ова патување и воспоставив длабоки врски со истомисленици од регионот на Западен Балкан, регион кој вреди да се доживее. Ви благодариме, РИКО, што ги зближивте младите, ја промовирате културата на сите присутни земји и ширите љубов“, вели таа.

Оваа година во разменат ќе учествуваат следните училишта од Македонија: АСУЦ „Боро Петрушевски” Скопје, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” Охрид, СОУ „Јосиф Јосифовски” Гевгелија, СОУ „Коста Сусинов” Радовиш, ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески” Охрид, СМУГС „Др. Панче Караѓозов” Скопје, СОУ „Методи Митевски – Брицо”, Училишен Центар за Едукација и Рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје, „Аmerican High School” Скопје, Гимназија „Добри Даскалов” Кавадарци, СОУ „Јане Сандански” Штип, СГГУГС „Здравко Цветковски” Скопје, Државно Средно Училиште – Регионален Центар за Стручно Образование и Обука „Киро Бурназ” Куманово, Државно Музичко Училиште „Тодор Скаловски – Тетоец” Струга, ОСЕУ „8-ми Септември“ Тетово.

- Advertisement -

Од РИКО информираат дека на третиот отворен повик за Суперучилишта биле поднесени повеќе од 90 апликации за размена, создадени се 113 партнерства од кои 21 се долгорочни од првиот циклус, додека повеќе од 579 училишта од Западен Балкан ја искористиле онлајн платформата www.superschools.net за вмрежување со други училишта.

Имплементацијата на проектите ќе се случи во периодот ноември, 2024 до април, 2025 година. Секое партнерско училиште ќе организира една размена на посета на училиштата, кое ќе трае до 7 дена со група до 17 ученици и 2 наставници.

„Освен две размени, секое училиште ќе организира локална активност за споделување на искуствата и придобивките од ваквите проекти, важноста на неформалното образование, младинскиот активизам и регионалната соработка. Вкупно, 90 локални информативни активности, собирајќи повеќе од 1800 учесници, ќе се одржат низ целиот регион во наведениот период“, посочуваат од РИКО.

Според нив, преку програмата за размена, учениците и наставниците ќе имаат можност да патуваат, да се претстават себеси, своите училишта и обичаи пред домаќините и да научат нови работи за локалните заедници низ целиот регион.

Целиот текст на Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -