Oва се новите цени на горивата

- Advertisement -

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, еуросупер БС-98 за еден денар, а дизелот за денар и пол

Од полноќ горивата поевтинија од половина до денар и пол. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, еуросупер БС-98 за еден денар, а дизелот за денар и пол. 

Од ноќеска на полноќ литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 73,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе чини 75,5 денари за литар, а дизелот ќе се продава по цена од 67 денари за литар.

- Advertisement -

За денар и пол поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 66 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,989 денари по килограм сега ќе изнесува 41,328 денари.

Сподели!
- Advertisement -