Најпознатата американска компанија за пластика поднесе барање за банкрот

- Advertisement -

Американскиот бренд Tupperware, кој произведува пластични садови за храна и пијалаци, поднесе барање за стечај поради значително намалување на продажбата. Од оваа компанија најавија дека ќе бараат судска дозвола за почеток на продажба на брендот и дека целта им е да продолжат со работа. Компанијата со 78-годишна традиција стана синоним кога се зборува за кој било пластичен сад за храна и пијалоци.

И покрај напорите да ги подобрат своите производи и да се позиционираат меѓу помладите потрошувачи, тие не успеаја да се разликуваат од конкуренцијата. Минатата година предупредија дека може да банкротираат доколку брзо не се соберат нови финансиски средства. Вредноста на акциите на Tupperware оваа недела е намалена за 50%, откако беше објавено дека планира банкрот.

- Advertisement -

Краткорочно зголемување на продажбата на производите на овој бренд се случи за време на пандемијата на коронавирусот, кога многу луѓе готвеа дома. Потоа следуваше намалување на продажбата. Порастот на цените на суровините, растот на платите и транспортните трошоци негативно се одрази на профитот на Tupperware.

„Макроекономското опкружување имаше сериозно влијание врз финансиската позиција на компанијата во изминатите неколку години“, рече извршната директорка на Tupperware, Лори Ен Голдман, во обраќањето до инвеститорите.

- Advertisement -

Tupperware е компанија основана во 1946 година од Ерл Тапер и нејзините производи беа голема иновација. Имено, тогаш почна да се користи пластиката за да се одржува храната посвежа што е можно подолго, што беше од непроценливо значење кога за многумина фрижидерите беа прескапи. Се испостави дека тоа не беше брз успех.

Продавачката Брауни Вајс придонесе брендот да стане синоним за домаќинството. Таа разви пристап каде што продавачите, кои главно беа жени, продаваа производи на други жени во нивните домови. Нивните производи моментално се продаваат во 70 земји низ светот.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -