Оваа поза открива многу за вашето здравје, а потребни се само 30 секунди

- Advertisement -

Ново истражување нагласува дека стоењето на една нога 30 секунди може да укаже на здраво стареење кај возрасните над 50 години, дури и со мало нишање. Тој едноставен тест за рамнотежа може да понуди увид во невромускулното стареење, покажувајќи го потенцијалот како евтина алатка за следење на здравјето на постарите лица.

Студијата предводена од биомедицинскиот инженер Асгар Резаи од американската клиника Мајо вклучи 40 здрави луѓе на возраст од 50 и повеќе години, откривајќи пад на рамнотежата поврзана со возраста. Колку што знаеме, ваква споредба е прва од ваков вид кај постарата популација, посочуваат авторите на истражувањето, објавено во списанието PLOS One.

- Advertisement -

Студијата покажа дека рамнотежата се влошува побрзо од мускулната сила или брзината на одење како што луѓето стареат. Во просек, рамнотежата на недоминантната нога се намалува за околу 2,2 секунди по деценија, а на доминантната за 1,7 секунди по деценија, без оглед на полот. Сепак, бројот на пати кога учесниците се нишале додека балансирале на едната нога не бил во корелација со возраста, што сугерира дека нишањето можеби не укажува на влошување на здравјето.

Истражувањето користело стандарден тест за рамнотежа со едно нога, кој често се користи во геријатриските проценки. Претходните истражувања од 1997 година покажале дека луѓето кои не можат да балансираат на една нога 5 секунди имаат двојно поголем ризик од идни падови со повреда.

- Advertisement -

Оваа студија ја нагласува важноста на тестот за рамнотежа со едната нога во следењето на постарите субјекти во заедницата, без оглед на полот, додаваат авторите на новата студија.

Тестовите биле извршени на плоча која го следи центарот на притисокот, запишувајќи ситни осцилации. Учесниците прво стоеле со отворени очи и затворени очи на двете нозе, по што следеале ставови со една нога.

- Advertisement -

Рамнотежата е важна мерка бидејќи, покрај мускулната сила, бара учество на видот, вестибуларниот систем и соматосензорните системи. Ако имате лоша рамнотежа, ризикувате да паднете, без разлика дали се движите или не, објаснува Кентон Кауфман од клиниката Мајо.

(Science Alert)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -