Oxford University Press го избра зборот на годината – „гниење на мозокот“

- Advertisement -

Терминот „brain rot“, што може да се преведе како „гниење на мозокот“, беше избран за збор на годината во Оксфорд по јавно гласање на повеќе од 37.000 луѓе и го опишува ефектот на бескрајното лизгање, скролувањето на социјалните медиуми и содржинite.

Повеќе од 37.000 луѓе гласаа за да помогнат во изборот на победникот од потесната листа од шест зборови предложени од Oxford University Press, издавач на Oxford English Dictionary.

- Advertisement -

Целта на годишната награда е да ги посочи расположенијата и трендовите на годината.

„Гниење на мозокот“ се дефинира како „веројатно влошување на менталната или интелектуалната состојба на една личност, особено кога се гледа како резултат на прекумерна потрошувачка на одреден материјал (особено онлајн содржини денес)“.

- Advertisement -

Oxford University Press појасни дека терминот доби нова конотација во 2024 година како термин што се користи за изразување загриженост за влијанието на консумирањето прекумерни количини на неквалитетна онлајн содржина, особено преку социјалните медиуми.

Иако денес добива на важност, терминот првпат е забележан во книгата „Валден“ од Хенри Дејвид Торо од 1854 година.

- Advertisement -

Од Oxford University Press објаснуваат: „Гниењето на мозокот укажува на една од согледаните опасности од виртуелниот живот и начинот на кој го користиме слободното време. Се чувствува како вистинско претстојно поглавје во културниот разговор за човештвото и технологијата. Не е изненадување што толку многу гласачи го прифатија овој термин, поддржувајќи го како наш избор за оваа година. Фасцинантно е и тоа што терминот „гниење на мозокот“ е прифатен и од генерацијата Z и од генерацијата алфа, група млади луѓе кои во голема мера се одговорни за користење и креирање на дигитална содржина на која се однесува овој термин“.

(Zimo)

(фото: Takashi Hososhima from Tokyo, Japan, CC BY-SA 2.0 https://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.0, via Wikimedia Commons)

Сподели!
- Advertisement -