Ова се моментално 25 најбогати семејства во светот

- Advertisement -

Најбогатото семејство на светот своите пари ги заработи, иронично, продавајќи некои од најевтините производи на пазарот. Имено, семејството Волтон, најпознато по создавањето на мултинационалниот синџир на намирници Walmart, е најбогато во светот, со рекордна нето-вредност од 432,4 милијарди долари, објави Bloomberg во четвртокот.

Од минатата година, Волтонови додадоа огромни 172,7 милијарди долари на своето богатство, делумно благодарение на растот на акциите на компанијата за 80% во текот на годината. Ова им овозможи да го надминат кралското семејство од Емиратите во трката за првото место на годишното рангирање на Bloomberg.

- Advertisement -

Првата вистинска продавница на Walmart била отворена пред 62 години и оттогаш компанијата прерасна во најголемиот трговски синџир во светот според приходите, забележува Bloomberg. Сега, со 10.600 локации ширум светот, синџирот носи околу 648 милијарди долари годишно. Но, Walmart денес е одговорен за само 70% од семејното богатство. Членовите на ова семејство ги проширија своите инвестиции и во други области на интерес, како што се спортот, уметноста и филантропијата.

Следни во рангирањето на Bloomberg се неколку кланови од Блискиот Исток: семејството Ал Нахјан од Обединетите Арапски Емирати е второ на листата со 323,9 милијарди долари, додека катарското семејство Ал Тани е на трето место со 172,9 милијарди долари. Двете семејства контролираат области кои стануваат сè поважни на глобалната сцена, а чија моќ порасна поради резервите на нафта што се наоѓаат таму.

- Advertisement -

По нив е семејството Хермес, кое контролира околу 170,6 милијарди долари. Шестата генерација на семејството е главен играч во индустријата за луксузни стоки, со својот истоимен бренд одговорен за продажба на чанти кои достигнуваат цена од стотици илјади долари на аукција, според Bloomberg. Иако голем дел од луксузниот пазар се сопна во последниве години, Hermes останува силен, отпорен на надолните трендови со кои се соочија другите групи во истата индустрија.

А првите пет ги заокружува семејството Кох со 148,5 милијарди долари. Нивниот конгломерат, со седиште во Канзас, кој е под контрола на Чарлс и Дејвид Кох, има годишен приход од околу 125 милијарди долари, пишува Bloomberg. И надвор од индустријата семејството Кох стана исклучително моќно во американската политика.

- Advertisement -

Еве ја листата со 25 најбогати семејства во светот за 2024 година:

1.Волтон, 432,4 милијарди долари
2.Ал Нахајан, 323,9 милијарди долари
3.Ал Тани, 172,9 милијарди долари
4.Хермес, 170,6 милијарди долари
5.Кох, 148,5 милијарди долари
6.Ал Сауд, 140 милијарди долари
7. Марс, 133,8 милијарди долари
8. Амбани, 99,6 милијарди долари
9. Вертхајмер, 88 милијарди долари
10. Томсон, 87,1 милијарди долари
11.Џонсон (Fidelity Investments), 72,4 милијарди долари
12.Албрехт, 60,2 милијарди долари
13.Прицкер, 59,4 милијарди долари
14. Каргил/Мекмилан, 56 милијарди долари
15. Офер, 55,6 милијарди долари
16. Хофман/Оери, 53,8 милијарди долари
17. Хартоно, 47 милијарди долари
18. Квант, 46 милијарди долари
19. Шерванон, 44,1 милијарди долари
20. Данкан, 43,8 милијарди долари
21.Ван Дан/Де Спелберг/Де Мевиус 43,7 милијарди долари
22. Боехрингер/ Вон Баумбах 43 милијарди долари
23.Мистри, 41,4 милијарди долари
24.Њухаус, 38,8 милијарди долари
25. Фереро, 37,4 милијарди долари

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -