- Advertisement -
Руските компании почнаа да користат биткоин и други дигитални средства во меѓународните плаќања, изјави во средата рускиот министер за финансии Антон Силуанов.
Во изјава за рускиот државен канал „Россија-24“, Силуанов рече дека биткоините ископани во Русија може да се користат во експериментален процес за меѓународни плаќања и таквите плаќања се започнати, јавува Anadolu Agency.
Иако нема ограничувања за купување криптовалути во Русија, нивната употреба како начин на плаќање во земјата е забранета.
- Advertisement -
Указот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин на 8 август ја легализираше експерименталната употреба на криптовалутите во меѓународните плаќања и трансакциите со Forex.
Фото – Freepik
- Advertisement -