Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

- Advertisement -

Од 15 до 28 декември, во Тинекс Зебра, се реализира хуманитарната иницијатива Angel Tree, која има за цел да ги исполни новогодишните желби на деца од социјално загрозени семејства. Преку избор на „ангелска“ картичка и донирање подарок, граѓаните можат директно да придонесат кон создавање празнична радост и топлина за најмладите.

Целта на иницијативата која Тинекс ја спроведува во соработка со Центарот за Социјална Иницијатива – Надеж, е да се обезбеди празнична радост за деца од маргинализирани заедници преку исполнување на нивните новогодишни желби. Во рамки на акцијата, во трговскиот центар Зебра е поставено симболично „ангелско дрво“ со картички, од кои секоја претставува едно дете и неговата конкретна потреба или новогодишна желба.

- Advertisement -

Сите посетители на Тинекс Зебра имаат можност да се вклучат во иницијативата со тоа што ќе изберат картичка од елката, ќе ја прочитаат желбата, ќе го купат наведениот подарок и ќе го остават во означената кутија до дрвото. Подарокот потребно е да биде спакуван и означен со соодветната картичка, за да може да биде доставен на вистинското место.

Организаторите на иницијативата се задолжени за собирање и навремена дистрибуција на подароците, со цел тие да стигнат до децата пред празниците.

- Advertisement -

Преку оваа акција упатуваме повик до јавноста да се вклучи и да придонесе кон создавање празнична магија и топлина за оние на кои им е најпотребна.

Биди ангел и донеси празнична радост.

Сподели!
- Advertisement -