Европа ќе му конкурира на Маск – Шпанците лансираат 5G сателити во орбитата

- Advertisement -

Шпанскиот сателитски стартап Sateliot и компанијата за вселенски инженеринг PLD Space објавија во вторник дека потпишале договор за лансирање на два 5G сателити во ниската Земјина орбита. PLD Space, според договорот, ќе лансира два од сателитите на Sateliot од 160 килограми во орбитата со својот најнов двостепен ракетен систем Miura-5.

„Изборот на шпанската компанија ја поддржува заштитата на европскиот технолошки суверенитет и ја зајакнува глобалната 5G поврзаност, а воедно ги подобрува безбедносните и одбранбените способности“, изјави извршниот директор на стартапот, Хауме Санпера, во заедничка изјава. Акционер на стартапот, со удел од четири проценти, е делумно државната одбранбена компанија Indra.

- Advertisement -

Партнерството ќе ги поддржи напорите на Sateliot, со седиште во Барселона, да се позиционира како клучен играч на европскиот пазар на сателитски телекомуникации. Во мај минатата година тие објавија дека имаат намера да постават 100 сателити во орбитата до 2028 година, со проценети приходи од една милијарда евра до крајот на оваа деценија.

PLD Space, од друга страна, го изврши првото целосно приватно лансирање ракета во Европа во 2023 година, а нивната цел е еден ден да носат сите видови товар во вселената. Крајната цел им е да носат луѓе и на тој начин да се натпреваруваат со големи играчи како SpaceX на Маск.

- Advertisement -

Приватните компании ширум светот планираат да распоредат илјадници сателити за испраќање интернет сигнали во следните неколку години, насочувајќи се кон вселенски пазар за кој некои аналитичари проценуваат дека ќе достигне вредност од еден трилион долари до крајот на деценијата.

Владите во Европската Унија се посветени на намалување на зависноста од американскиот SpaceX во сопственост на Елон Маск преку зајакнување на вселенската индустрија на ниво на Унијата, забележува Ројтерс.

Сподели!
- Advertisement -