Во Норвешка откриено најголемото закопано богатство од времето на Викинзите

- Advertisement -

На југоистокот на Норвешка е откриено место со вредни сребрени монети од викиншката ера, кое според претходните анализи се смета за најголемо такво откритие во историјата на земјата, објавија денес археолозите.

На местото во близина на градот Рена во регионот Остердален се пронајдени вкупно 3.150 сребрени монети, кои датираат од периодот помеѓу 980 и 1050 година или времето на Викинзите.

- Advertisement -

„Ова е сосема уникатно откритие, нешто што веројатно го доживувате само еднаш во вашата кариера“, рече археологот Мај-Туве Смисет.

Поголемиот дел од пронајдените монети доаѓаат од Германија и Англија, додека некои се изработени во Данска и Норвешка.Меѓу нив се и монети ковани за време на владеењето на кралот Кнут Велики од Англија и Норвешка (994–035), кралот Етелред Неподготвениот од Англија (968–1016), кралот Отон III од Германија (980–1002) и Харалд III Силниот (1015–1066).

- Advertisement -

Експертите наведуваат дека Норвешка немала свој монетарен систем околу 1000 година, па затоа странските монети биле претежно во оптек, кој се променил само за време на владеењето на Харалд III (1046–1066), и се претпоставува дека богатството било закопано во тој период.

Планирани се понатамошни археолошки истражувања за да се утврди дали има повеќе скриени монети на локацијата, како и дали постојат некакви индиции што би можеле да објаснат зошто богатството било закопано.

- Advertisement -

(Euronews)

(фото: Oreate AI)

- Advertisement -