Македонска иновација на светската сцена: АРМОР ПЛУС ќе ја претстави првата македонска сертифицирана заштитна опрема на INTERSCHUTZ 2026 во Хановер

- Advertisement -

Македонската компанија Армор Плус е единствената компанија од земјава што ќе учествува на престижниот меѓународен саем INTERSCHUTZ 2026, кој ќе се одржи од 1 до 6 јуни 2026 година во Хановер, Германија – најголемиот и најзначаен светски саем за противпожарна заштита, спасување, цивилна заштита и безбедносна опрема.

На овој светски важен саем компанијата Армор Плус од Скопје ќе ја претстави и својата најнова иновација – првото македонско заштитно одело сертифицирано според највисоките европски стандарди. Овој производ претставува важен исчекор не само за компанијата, туку и за македонската индустрија, потврдувајќи дека домашните компании можат рамноправно да конкурираат на глобалниот пазар со врвни, технолошки напредни решенија.

- Advertisement -

На претстојниот саем INTERSCHUTZ во Хановер-Германија, Армор Плус настапува со иновација – нови колекции на заштитни одела за пожари на отворен простор,технички интервенции и елементарни непогоди креирани дизајнирани и произведени во Р.С.Македонија од страна на Армор плус доо Скопје. Сертифицирани се согласно најновите барања на нормите за таа намена во европски акредитирани лаборатории и претставуваат круна на нашата посветеност кон беспрекорната сигурност. Овој сегмент од нашето работење е од суштинско значење, бидејќи ја етаблира македонската експертиза како рамноправен чинител во индустријата за спасување, каде што технолошката прецизност е директно поврзана со заштитата на човечкиот живот.

Нашата амбиција е јасна – поставување нови стандарди во доменот на заштитната опрема и градење стратешки партнерства на европскиот и светскиот пазар. Овој производ е директен резултат на долгогодишното искуство, инженеринг и континуирано истражување на нашиот тим, кој преку длабинско разбирање на теренските предизвици, создаде решение што ги спојува врвната технологија и функционалната супериорност. Со овој исчекор, ја зацврстуваме позицијата на Армор Плус како синоним за доверливост и сериозен играч кој успешно го интегрира македонското знаење во глобалната безбедносна инфраструктура“, изјави Димитар Петрески, директор на Армор плус доо Скопје

- Advertisement -

INTERSCHUTZ важи за глобална платформа каде се претставуваат најновите технологии, иновации и решенија во областа на безбедноста, пожарникарството, спасувањето и цивилната заштита. Организаторите најавуваат рекордно издание во 2026 година, со повеќе од 1.500 изложувачи од над 50 држави и десетици илјади професионални посетители од целиот свет. (https://www.interschutz.de)

Под мотото „Safeguarding Tomorrow“, INTERSCHUTZ 2026 годинава се фокусира на идните предизвици во безбедноста и заштитата – климатските промени, природните катастрофи, модерната цивилна заштита, примената на вештачка интелигенција во кризен менаџмент, дигитализација на спасувачките служби и развој на нови генерации лична заштитна опрема.

- Advertisement -

Посебен акцент годинава ќе биде ставен на современата PPE (Personal Protective Equipment) опрема, каде светските производители ќе ги претстават најновите иновации во заштитни одела, шлемови, обувки и интелигентни системи за заштита на спасувачките и противпожарните тимови.

Во ваква светска конкуренција, учеството на македонската компанија АРМОР ПЛУС претставува значаен успех и потврда за домашниот квалитет и иновациски капацитет. Повеќе од две децении оваа компанија успешно ја гради позицијата како една од водечките специјализирани компании за работна облека и лична заштитна опрема во регионот. Компанијата е управувана од тим кој преку иновативни и креативни решенија успеа да постави нови стандарди на пазарот за безбедност и заштита при работа.

Во своите почетоци, компанијата беше фокусирана на производство и трговија со лична заштитна опрема, со јасна цел – обезбедување повисоко ниво на сигурност и заштита за секој поединец. Со текот на годините, АРМОР ПЛУС континуирано инвестира во развој, современи технологии и усогласување со највисоките европски стандарди, што резултираше со значително проширување на нејзиното портфолио и позиционирање како доверлив партнер во секторот.

Учеството на АРМОР ПЛУС на најголемиот светски саем од овој тип претставува значајна можност за промоција на македонското знаење, иновации и производствени капацитети пред светската професионална јавност, како и отворање нови можности за меѓународна соработка и извоз.

Компанијата упатува отворена покана до сите заинтересирани, да го посетат штандот на Армор Плус во хала 13 штанд B74
од 1 до 6 јуни.

- Advertisement -