EЦБ ја зголеми референтната каматна стапка, првпат во три години

- Advertisement -

Европската централна банка (ЕЦБ) денес ги зголеми сите три клучни каматни стапки за по 25 базични поени – референтната каматна стапка за депозити на 2,25 проценти, каматата за главните операции за рефинансирање на 2,4 проценти и каматата за граничната кредитна линија на 2,65 проценти, додека во исто време предупреди на ризиците од зголемување на инфлацијата во Еврозоната поради војната на Блискиот Исток.

Одлуката доаѓа во време кога војната на Блискиот Исток предизвика нагло зголемување на цените на енергијата, што дополнително ја поттикна инфлацијата и во исто време ја ослабна довербата на бизнисите и потрошувачите во регионот.

- Advertisement -

ЕЦБ наведува дека, иако најновите податоци се во голема мера во согласност со претходните проценки, ризиците за инфлацијата се зголемија, додека во исто време ризиците за економскиот раст станаа поизразени.

Фото – Wikimedia

- Advertisement -