Германскиот фармацевтски и технолошки концерн Мерк ги проширува своите операции во областа на лабораториската опрема со голема аквизиција во САД. Концернот со седиште во Дармштат го купува добавувачот на алатки за биолошки науки и аналитичка технологија Bio-Techne, со седиште во Минеаполис, за речиси 10 милијарди евра.
Акционерите на американската компанија ќе добијат 73 долари по акција во готово, што е премија од 36 проценти над просечната цена на акциите во изминатиот месец, соопшти Мерк. Ова одговара на вредност на компанијата од околу 11,3 милијарди долари, или околу 9,9 милијарди евра.
Менаџментите на двете компании го одобрија аквизицијата, која треба да биде завршена кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Согласност сè уште треба да дадат регулаторните тела и акционерите на американската компанија, објави агенцијата ДПА.mПреземањето ќе обедини две водечки и силно комплементарни компании во областа на биолошките науки, нагласи Мерк, чиј нов директор Каи Бекман го нарече преземањето пресвртница.
„Био-техни е исклучително добар избор за нас и е целосно усогласен со нашата стратешка насока, која има за цел да понуди најсовремени производи и решенија за целиот вредносен синџир на биолошки науки – од истражувачки лаборатории до клиенти во биотехнолошката и фармацевтската индустрија“, рече Бекман. Компанијата од САД, како што е наведено, во деловната 2025 година оствари приход од повеќе од 1,2 милијарди долари и имаше околу 3.000 работници низ целиот свет.
Со преземањето, Мерк го зајакнува својот лабораториски сектор во области со силен раст, како што се клеточните и генските терапии и прецизната дијагностика, изјави раководителот на тој сектор Жан-Чарлс Вирт (Jean-Charles Wirt).
Мерк го направи своето последно големо преземање минатото лето со купување на американскиот специјалист за онкологија Springwork Therapeutics за околу 3,4 милијарди долари. Најголемата аквизиција на „Мерк“ беше купувањето на добавувачот на лабораториска опрема „Сигма-Олдрич“ во 2015 година за 17 милијарди долари.
(Biznis.rs)Фото – Enterprisewired.com



























