Qantas го најави најдолгиот комерцијален лет во светот

- Advertisement -

Австралиската авиокомпанија Qantas го избра Лондон како прва дестинација за најдолгиот комерцијален лет во светот, кој ќе трае околу 20 часа и ќе го поврзува британскиот главен град со Сиднеј, без запирање на таканаречената „Кенгур рута“.

Компанијата планира да започне со продажба на билети во февруари, додека првите летови треба да полетаат во октомври 2027 година, изјави извршната директорка, Ванеса Хадсон.

- Advertisement -

Летовите се дел од проектот Sunrise, кој подоцна ќе го вклучи и Њујорк. Тие ќе користат модифициран авион Airbus А350-1000ULR, способен да лета до 22 часа и да носи 238 патници.

Одлуката е донесена како дел од обновата на флотата што започна во 2017 година, кога Qantas побара од Airbus и Boeing да развијат авиони дизајнирани за екстремно долги летови од Австралија.

- Advertisement -

Растојанието на Австралија од остатокот од светот не треба да биде пречка“, рече Хадсон пред откривањето на првиот авион Airbus, кој беше изложен без моторот „ролс-ројс XWB-97“ поради раното тестирање.

Проектот има за цел да го намали претходното петдневно патување по таканаречената „Кенгур рута“ до Лондон на помеѓу 19 и 21 час, во зависност од условите на летот.

- Advertisement -

Qantas ќе ги користи поларните рути за околу една четвртина од своето патување, особено за време на зимата на северната хемисфера. Патувањето помеѓу Сиднеј и Лондон моментално трае помеѓу 24 и 25 часа, со застанување во Сингапур.

Проектот претставува голем финансиски ризик за компанијата, бидејќи вклучува инвестирање милијарди долари во нови авиони, како и истражување за влијанието на многу долгите летови врз здравјето на патниците.

За проектот да биде успешен Qantas мора да ги убеди патниците да плаќаат повеќе за да избегнат трансфери, а воедно да се обиде да ги намали непријатностите од летовите со оваа должина.

Она што го продаваат е време, па затоа ќе мора да наплаќаат фер цена за сите класи, особено бизнис и премиум економска класа“, рече аналитичарот за авијација Џон Стрикленд.

Квантас го нарече својот проект Sunrise по долгите летови што ги извршуваше за време на Втората светска војна, кои беа толку долги што патниците и екипажот можеа да видат две изгрејсонца во еден лет.

(N1)

(фото: Picryl)

- Advertisement -