Од септември Франција ги забранува мобилните телефони во средните училишта

- Advertisement -

Забраната за употреба на мобилни телефони во средните училишта во Франција ќе стапи на сила на почетокот на учебната 2026 година, објави претседателот на земјата, Емануел Макрон.

„Заштитата на децата од опасностите што ги претставуваат екраните повеќе не може да чека. Училиште без телефони значи враќање во мирот неопходен за учење“, додаде францускиот претседател на платформата X.

- Advertisement -

Мерката, иницирана од францускиот претседател, се надоврзува на забраната што е во сила во основните и средните училишта од 2018 година, објави дневниот весник Ouest France.

Забраната може да се прилагодува од случај до случај, во зависност од локалните околности“, рече министерот за образование, Едуар Жефри.

- Advertisement -

Во циркуларно писмо издадено на 2 јули, придружено со прирачник, средните училишта добија инструкции да се подготват за спроведување на мерката, која беше усвоена од парламентот кон крајот на јули.

Сепак, за да се спроведе забраната, училиштата мора да ги изменат своите внатрешни прописи, што бара консултации со повеќе тела, вклучувајќи го ученичкиот парламент и училишниот одбор.

- Advertisement -

Многу средни училишта не беа во можност да го завршат овој процес пред почетокот на учебната година, бидејќи беа затворени за време на летните распусти.

(021)

(фото: Roboflow Universe)

- Advertisement -