Мисијата BepiColombo на Европската вселенска агенција (ESA) и Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) ја започна фазата на пристигнување кај Меркур, по осумгодишно патување кон оваа планета. Заедно, орбитерот за истражување на Меркур на ESA (MPO или Bepi), магнетосферскиот орбитер за Меркур на ЈАХА (Mio) и нивниот роботски придружник, модулот за трансфер до Меркур (MTM), досега поминаа долг пат.
Тие извршија сложено патување кое вклучуваше девет прелети покрај планети: еден покрај Земјата, два покрај Венера и шест покрај самиот Меркур. Како што се приближуваат кон Меркур за да започнат со работа таму, ситуацијата станува уште повозбудлива.
Влегувањето во орбита околу Меркур не е лесна задача. Претходно овој месец мисијата започна серија клучни чекори што ќе ги насочат двата орбитера – MPO и Mio – кон нивните соодветни научни орбити во текот на наредните месеци.
На 21 ноември MPO и Mio – сè уште заедно – ќе бидат фатени од гравитацијата на Меркур. На 9 и 10 декември MPO и Mio ќе се разделат. Во оваа фаза Mio ќе влезе во својата орбита за научни операции. На 19 март 2027 година и MPO ќе ја достигне својата конечна научна орбита. Разделувањето на вселенските летала на 9 и 10 декември 2026 година официјално ќе го означи пристигнувањето на BepiColombo кај Меркур.
За да се одбележи оваа важна пресвртница ESA ве поканува да им посакате добредојде на Bepi и Mio на Меркур преку учество во натпревар. Имате можност да освоите патување на настан што ќе се одржи на 9 декември во Дармштат, Германија, во Европскиот центар за вселенски операции на ESA. Настанот ќе започне во 22:00 часот (CET) и ќе трае до по полноќ. Ќе имате можност да се запознаете со тимовите што стојат зад BepiColombo и да го доживеете напнатиот момент на примање на првиот сигнал од вселенските летала по нивното разделување.
За да учествувате во натпреварот треба да креирате порака за добредојде – тоа може да биде цртеж, песна, поема или која било друга уметничка форма што може да се испрати како фотографија или видео. Натпреварот е отворен за жители на земјите-членки, земјите-соработници и придружните земји на ESA. За учество мора да имате наполнето 18 години. Дозволени се пријави од семејства или групи, но лицето што ја поднесува пријавата мора да има над 18 години, а главната награда важи само за возрасни лица на возраст од 18 години или постари.
Пријавувањето е отворено од 15 септември до полноќ (по средноевропско време) на 25 октомври 2026 година.
Пријавите прво мора да бидат објавени на избрана социјална мрежа, а линкот до објавата мора да биде наведен во формуларот за пријавување на натпреварот. Објавата мора да биде јавна за ESA да може да ја види вашата креација. За да влезете во конкуренција за наградата мора да ја поднесете пријавата преку формуларот и да потврдите дека се согласувате со известувањето за приватност.
Пријавите ќе бидат оценети од работната група за социјални медиуми на мисијата BepiColombo на ESA, составена од експерти за мисијата BepiColombo и уредници специјализирани за научна комуникација. Одлуката на жирито е конечна и нема да се води кореспонденција во врска со конечниот победник.
Победникот и второпласираниот ќе бидат избрани и известени во текот на втората недела од ноември 2026 година.
Мо/ете да ја поднесете ја вашата пријава користејќи го овој формулар.
(Vidi.hr)
(фото: PExels/Paul Seling




























