Виетнам и четири европски земји кои не се дел од ЕУ потпишаа договор за слободна трговија во Ханој, со цел да ги диверзифицираат пазарите. Договорот доаѓа во време кога американските царини ја нарушуваат глобалната трговија.
Станува збор за договор помеѓу економијата со најбрз раст во Југоисточна Азија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), во која членуваат Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Договорот ги укинува или ги намалува царините, вклучително и оние за увоз на индустриски, рибни и земјоделски производи.
Од Виетнам изјавија дека договорот ја покажува решеноста на страните да го зајакнат трговскиот систем заснован на правила, во услови на постојана нестабилност во глобалната економија.
(Klix.ba)
(фото: Pexels/Wolfgang Weiser)






























