Иницијатива на Елон Maск секое дете во Америка да добие една акција од SpaceX во 20207

- Advertisement -

Елон Маск објави дека следната година ќе подари една од своите акции од SpaceX на секое дете во Соединетите Американски Држави.

„Следната година ќе подарам една од моите акции од SpaceX на секое дете во Америка. Ова ќе биде првата од многуте“, напиша Маск на мрежата X. Тој не прецизираше дали „деца“ се однесува на сите малолетници под 18 години или на некоја друга група, ниту пак разјасни што значи објавата дека ова е „првата од многуте“.

- Advertisement -

Според податоците од Бирото за статистика на САД (Census Bureau), во САД живеат нешто повеќе од 72 милиони луѓе под 18 години, пишува Axios. Доколку секој од нив добиеше една акција, по цената на затворање во петокот од 146,03 долари, вкупната пазарна вредност на подарокот би била нешто над 10,5 милијарди долари.

Тоа би било речиси двојно повеќе од рекордната донација што Мајкл Дел ја одвои за таканаречените сметки на Трамп за деца. Маск поседува милијарди акции во SpaceX, па овој подарок само малку би го намалил неговиот удел во компанијата.

- Advertisement -

Фото – Daniel Oberhaus, CC BY-SA 4.0 https://creativecommons.org/licenses/by-sa/4.0, via Wikimedia Commons

- Advertisement -