Има денови кога едвај чекаш да започне тренингот. И денови кога најтешкиот дел е да ги облечеш патиките и да излезеш од дома. Токму тогаш доаѓа до израз посветеноста – кога и покрај секојдневните обврски, сепак наоѓаш време за спорт. На патеката, во сала или на терен, секој завршен тренинг е уште еден чекор кон целта што си ја поставил.
Напредокот ретко доаѓа одеднаш. Се мери во уште едно повторување, подобро време на километар или малку поголема издржливост од минатата недела. Секој што редовно спортува го знае задоволството кога нешто што до вчера било тешко, денес оди полесно: патеката е подолга, вежбите посигурни, а желбата за нов предизвик поголема. Тие мали лични победи се причината повторно да се вратиш на тренинг, а зад нив стојат труд и континуитет.
Грижата за телото продолжува и по последната серија или истрчаниот километар. Со 30 грама протеини во пакување од 300 мл, Imlek Impact протеинскиот шејк е вкусен и практичен начин за дополнување на дневниот внес на протеини. Без додаден шеќер и без лактоза, содржи протеини од 100% млечно потекло, кои придонесуваат за раст и одржување на мускулната маса.
А кога станува збор за вкусот, Imlek Impact нуди избор според твоите желби. Чоколадо, ванила, јагода, ф’стак или бело чоколадо и малина. Во практично пакување, Imlek Impact шејкот можеш да го понесеш со себе и да уживаш во него по тренингот или како протеинска ужина меѓу оброците, дури и кога од сала продолжуваш директно кон следната обврска.
Продолжи да тренираш, поставувај си нови цели и радувај се на секој постигнат напредок. Избери го својот омилен вкус и продолжи кон следниот предизвик со Imlek Impact. Спремни за следното ниво!






























