Масовен прекин на Интернетот ширум светот денес

- Advertisement -

Корисници на интернет ширум светот пријавуваат масовни прекини во работата на повеќе платформи што ги користат услугите на Клаудфлер (Cloudflare). Меѓу засегнатите се Зум (Zoom), Канва (Canva), Линкдин (LinkedIn) и Даундетектор (Down Detector).

Клаудфлер обезбедува инфраструктурни и безбедносни услуги за голем број познати интернет-платформи, меѓу кои се Дискорд (Discord), Ноушн (Notion), Икс (X), Спотифај (Spotify), Гитхаб (GitHub) и Стек оверфлоу (Stack Overflow).

- Advertisement -

Прекините се почувствуваа и на платформите за онлајн продажба, како Етси (Etsy), Вејфер (Wayfair) и Ејч енд ем (H&M), како и на одредени медиумски веб-страници, меѓу кои Политико и Би-би-си.

Проблеми има и со Даундетектор, платформата што следи прекини и дефекти на интернет-страници и апликации, па корисниците потешко можат да проверат кои услуги се недостапни.

- Advertisement -

Клаудфлер е компанија што обезбедува услуги за управување со интернет-сообраќајот, забрзување на веб-страниците и заштита од кибернапади. Поради тоа што голем број интернет-платформи се потпираат на нејзината инфраструктура, техничките проблеми во нејзините системи можат истовремено да предизвикаат прекини на бројни, меѓусебно неповрзани веб-страници.

Сличен инцидент се случи и кон крајот на ноември, кога десетици веб-страници што ги користат услугите на Клаудфлер се соочија со прекини во работата. Тогаш, коосновачот и извршен директор на компанијата, Метју Принс, се извини за проблемите, наведувајќи во објава на блог дека компанијата му нанела „болка на интернетот“.

- Advertisement -

Претходниот прекин бил предизвикан од дефект во системот за заштита на веб-страниците од DDoS-напади, при кои серверите се преплавуваат со огромен број барања со цел да се наруши нивната работа. Принс тогаш нагласи дека инцидентот не бил предизвикан од кибернапад. Засега нема официјални информации за причината за најновиот прекин.

Фото – Pixnio

- Advertisement -